четврток, јануари 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Насилно турнал малолетник во багажник, барал да му каже кој удирал со...

Насилно турнал малолетник во багажник, барал да му каже кој удирал со снежни топки во неговото возило

51

Вчера во 22:00 часот во СВР Скопје, Е.Б.(36) од Скопје пријавила дека околу 12:30 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од едно лице.

Тој насилно го турнал момчето во багажниот простор од неговото патничко возило и барал од него да му каже кој удирал со снежни топки по неговото возило.

Според пријавеното, тој физички го нападнал и неговиот другар.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ