Протестите пред иранската амбасада во Лондон синоќа станаа насилни, при што неколку лица беа уапсени, а неколку беа хоспитализирани со повреди, соопштија лондонската полиција и Националната здравствена служба (NHS).
Неколку полицајци беа повредени откако протестот пред иранската амбасада во Лондон стана насилен, а судирите меѓу полицијата и демонстрантите резултираа со голем број апсења, според лондонската полиција, објави Скај њуз.
Лондонската служба за брза помош беше повикана на местото на немирите во Јужен Кенсингтон во 20:45 часот по локално време, а четири лица беа однесени во болница со повреди.












