Нашите српски пријатели можат да сметаат на нас, порача Сијарто по санкциите на САД

29
EPA/MOHAMED HOSSAM

Унгарската нафтена компанија МОЛ ќе ги зголеми испораките во Србија по санкциите на САД врз рафинеријата НИС, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

„Бидејќи МОЛ игра важна улога во снабдувањето на Србија со сурова нафта и гориво… нашите српски пријатели можат да се потпрат на зголемени испораки од МОЛ“, рече Сијарто, додавајќи дека зголемувањето нема да може целосно да го компензира недостатокот на испораки од Хрватска.

Српската нафтена индустрија (НИС), која е во мнозинска руска сопственост, вчера не доби ново продолжување на санкциите на Вашингтон врз рускиот енергетски сектор. Во август, Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД одобри ново едномесечно продолжување на својата лиценца за да продолжи со снабдувањето со сурова нафта на НИС до 29 септември, а потоа повторно до 8 октомври.

Спроведувањето на санкциите, воведени во јануари, досега е одложено осум пати. Санкциите врз српската нафтена индустрија се дел од казнениот пакет санкции на Соединетите Американски Држави против рускиот енергетски сектор, а НИС е под лупа на американските санкции од почетокот на оваа година, бидејќи повеќе од 55 проценти од акциите во таа компанија се заеднички во сопственост на руските „Газпром Нефт“ и „Газпром“.

ИЗДВОЕНИ