На XLVII школа „Млади физичари“, која се одржа на Природно-математичкиот факултет, Институт за физика во Скопје, училиштето ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ од Струмица го претставува 11-мина ученици од прва, втора и од четврта година.

На натпреварот, со демонстрации, експерименти, изработки и модели, на свој начин ги претставија своите научни проекти. Најдобрите беа наградени, и тоа Атанасиј Делевски од прва година ја освои првата награда, и тоа под менторство на професорката Елизабета Ѓотева. Од втора година, Ана Митева ја освои втората награда, Мелита Гошева и Рози Ѓоргиева ги освоија третите награди, а Стефанија Павлевска и Софија Палифрова беа пофалени.

Од четврта година, Олга Димитријева ја освои втората награда, како и Павлинка Тушевска и Симеон Проданов, додека Бранкица Ѓеоргиева и Никола Настев ги освоија третите награди, сите под менторство на професорот Никола Делевски.

Овие награди им даваат дополнителна мотивација на учениците и ги поттикнуваат младите умови кон истражување и иновации.

Ова училиште, на 11 ноември, учествуваше на Осмиот национален студентски фестивал на уметноста на југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ во Благоевград.

На модната ревија се претставија учениците од текстилната струка, со колекцијата „ Секнд блу“, составена од седум уникатни креации, изработени под менторство на наставничките Македонка Јанкулова и Тинка Белмезова.

ИЗДВОЕНИ