сабота, јануари 17, 2026
Дома МАГАЗИН Нашата водителка Лила Стојановска бара Македонија да се врати на Песна на...

Нашата водителка Лила Стојановска бара Македонија да се врати на Песна на Евровизија 2026

4120

Со петиција од нејзината родна Шведска! Се уште згодната македонска и долги години една од најпопуларните водителки Лила Стојановска (екс-Филиповска) јавно бара Македонија да и се врати на Песна на Евровизија. Таа пред ден, два емотивно сподели објава во која вели: – Од мојата родна Шведска (за тие што не знаат, Лила е родена во градот Гетеборг), започната е петиција (меѓу нашите иселеници), за враќање на Македонија на Евровизија 2026. Ако сте фан на Евровизија потпишете ја петицијава за враќањето на македонските композитори и автори на големата музичка сцена на Евровизија 2026 во Виена, на јубилејното 70-то издание.

Евровизискиот фестивал ќе се одржи во мај месец во Австрија, од како таа земја победи оваа година со Австриецот Џеј-Џеј. Тој маестрално ја испеа оперската балада „Wasted Love“.Дали Лила ќе успее со оваа необична акција, останува да видиме.  А и прашањето е зошто е Лила толку заинтересирана Македонија да се врати на Евровизискиот фестивал? Таа ниту ќе пее таму, ниту ќе го води овој популарен музички спектакл. Освен ако не e од чисто патриотски причини или ако и самата е голем фан на Евросонгот?

Инаку, под нејзината објава има и разновидни коментари. Во еден од нив, меѓу другото, се вели: – Сега има и онаа друга која се вика “Интервизија” и на која навистина пред некој ден видовме и слушнавме и песни и пеење и пејачи. Се одржа во Москва и нема никва врска со омразата кон Западните земји кои ја исфрлија Русија од нивната Eвровизија, а вметнувајќи ја Австралија, што е парадокс!  На Македонија никој ни и забранува да настапи и на Интервизија а, за Западњачка Евровизија поодамна се мошне длабоко поделени мислењата и ставовите.

И ако се вика Песна, таму песна не се избира, туку најчесто невкусни и скандалозни сценски настапи…. Евровизија беше фестивал тогаш кога во конкуренцијата за најдобрата Песна се натпреваруваа или победуваа вистинските: АББА, Селин Дион, Џони Логан, Тото Кутуњо, Џиљола Чинквети, Данијел, Марија Шерифовиќ, Хулио Инглесијас, Вики Леандрос, Доменико Модуњо, Руслана, Тоше Проески и многу други….   (Д.М.)

ИЗДВОЕНИ