вторник, февруари 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Населението во Македонија постаро за пет години за една деценија

Населението во Македонија постаро за пет години за една деценија

107

Средната возраст на населението во земјава е 42,21 година, додека во ЕУ е 44,9 години, покажуваат податоците на Еуростат за 2025 година.

Во споредба со 2015 година средната возраст на луѓето во Македонија е зголемена за речиси пет години (37,4 во 2015).

Од земјите во регионот помладо население од нас има само Црна Гора 40,4 години, а постаро Албанија 44,3 и Србија 45,4 години. Средната возраст на Грците е 47,2, а на Бугарите 47,2 години. Во Хрватска и во Словенија средната возраст е 45,5 години.

Во ЕУ најмладо население има Ирска 39,6 години, а најстаро Италија со просек од 49,1 година.

На ниво на ЕУ, средната возраст се зголемила за 2,1 година од 2015 година, кога била 42,8 години. Зголемување се бележи во сите земји од ЕУ, освен во Германија и Малта (-0,4 години).

Стареењето на населението е најизразено во Словачка и Кипар, каде што средната вредност се зголемила за 4,0 години, по што следуваат Италија (+3,9 години), Грција и Полска (секоја +3,8 години) и Португалија (+3,7 години).

ИЗДВОЕНИ