Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, советниците од Советот на Општина Аеродром и претставниците на општествено одговорна компанија викендов насадија висококвалитетни садници јавор и јасен покрај булеварот „Јане Сандански“, кај игралиштето „Калистеника“.
– Таму каде што имаше бетон, од денес расте нов живот – истакна Митески.
Тој додаде дека Општина Аеродром го започнува новиот мандат со јасна цел: повеќе зеленило, повеќе живот и повеќе грижа за иднината.
– Според новото правило, за секои 10 квадратни метри новоградба се сади една нова садница на јавна површина. Зелената офанзива е веќе во акција – наведе Митески.












