четврток, јули 16, 2026
Дома МАГАЗИН НАСА: Експлозијата на метеорот над САД била еквивалентна на 300 тони ТНТ

НАСА: Експлозијата на метеорот над САД била еквивалентна на 300 тони ТНТ

55
screenshot X

Метеор кој се движел со брзина од неколку десетици илјади километри на час предизвика силен тресок и тресење на тлото, кое вчера попладне беше почувствувано ширум американската сојузна држава Масачусетс.

Американската вселенска агенција (НАСА) потврди дека над оваа држава, во 14:06 часот по локално време, пролетала огнена топка, односно исклучително сјаен метеор. Според проценките на експертите, тој се движел со брзина од околу 120.000 километри на час, а при неговото распаѓање била ослободена енергија споредлива со експлозија на приближно 300 тони ТНТ.

„Се чини дека метеорот се распаднал на надморска височина од околу 64 километри над североисточен Масачусетс и југоисточен Њу Хемпшир“, соопшти НАСА.

Од НАСА, исто така, појаснуваат дека настанот не е поврзан со никаков активен метеорски дожд и дека станува збор за природен објект, а не за вселенски отпад или сателит што повторно влегол во атмосферата на Земјата.

ИЗДВОЕНИ