Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија спроведе дводневен скрининг на населението во Трубарево, со цел навремено откривање на евентуални симптоми на дишните патишта.
-Само во текот на вчерашниот ден се прегледани над 100 лица на двата пункта во Трубарево, од кои осум лица се упатени на Клиниката за пулмологија, поради хронични заболувања за кои подолго време не направиле контролни прегледи. Скринингот опфати клинички преглед, мерење на пулс, сатурација и проценка на витален капацитет. Овој скрининг имаше голем одѕив со над двесте прегледани пациенти во два дена и беше навистина добро прифатен од локалното население, и во следниот период продолжуваме да ја следиме состојбата во соработка со Клиниката за пулмологија и сите надлежни институции, истакна министерот Алиу.
Според информациите од тимовите од Клиниката за пулмологија, пациентите кои биле упатени на Клиниката имале симптоми како потешко дишење, сува кашлица, стегање во градите. Воедно, во рамки на скринингот се детектирани и пациенти со висок крвен притисок кои биле советувани да се обратат кај својот матичен лекар за натамошни испитувања.