Народна банка: Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

49

Овој месец, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 4,77% и е пониска за 0,05 п.п. на месечно ниво. Притоа, месечната промена произлегува од падот на каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,14 п.п. и 0,04 п.п., соодветно) и на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,03 п.п.) Во споредба со март претходната година, оваа каматна стапка е пониска за 0,58 п.п.

‒ Во март, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор изнесува 3,95% и на месечна основа се намали за 0,50 п.п. Падот е резултат на пониските каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,58 п.п.), во услови на остварен раст на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула и на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,22 п.п. и 0,18 п.п., соодветно). На годишно ниво, оваа каматна стапка е намалена за 0,78 п.п.

Овој месец, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е непроменета во однос на претходниот месец и изнесува 2,12%. На годишна основа, оваа каматна стапка бележи раст од 0,36 п.п., соопшти Народна Банка.

ИЗДВОЕНИ