понеделник, февруари 23, 2026
Дома СВЕТ „Народе, бранете го претседателот“, се огласи колумбискиот претседател по заканите на Трамп

„Народе, бранете го претседателот“, се огласи колумбискиот претседател по заканите на Трамп

854
EPA/MARIO CAICEDO

Колумбискиот претседател Густаво Петро испрати остра порака до војската откако американскиот претседател Доналд Трамп го нарече „болен човек кој сака да прави кокаин и да го продава на Соединетите Држави“.

Петро се огласи на социјалната мрежа Икс по изјавата на Трамп и испрати порака до колумбиските вооружени сили.

„Секој војник во Колумбија сега има наредба: секој командант на вооружените сили кој го претпочита американското знаме пред колумбиското знаме ќе биде веднаш отпуштен од институцијата по моја наредба и другите војници. Уставот бара вооружените сили да го бранат суверенитетот на народот“, напиша Петро.

Тој потсети дека под негова команда е извршена „најголемата заплена на кокаин во светската историја“ и дека тој го запрел растот на плантажите со кока и започнал програма за доброволна замена на земјоделските култури.

Тој побара од народот да „го брани претседателот од секој нелегитимен чин на насилство“.

„Начинот да ме браните е да ја преземете власта во сите општини во земјата. Наредбата до војската не е да пука во народот, туку во напаѓачот.“

Инаку, Трамп изјави дека Колумбија ја води „болен човек“, обвинувајќи го претседателот на земјата, Густаво Педро, за производство и продажба на кокаин во Соединетите Држави, тврдејќи дека „тоа нема да трае долго“, додавајќи дека американската интервенција во земјата „му звучи добро“.

ИЗДВОЕНИ