НАПУШТИЈА КОАЛИЦИЈА СО СДСМ НО НЕ СЕ ДОГОВОРИЈА СО ВМРО-ДПМНЕ: Партијата не пензионерите сама на изборите

211

Самостоен настап на локалните избори ќе има Партијата на пензионерите откако не постигна договор за влез во коалицијата предвидена во ВМРО-ДПМНЕ. Ова денеска за весникот ВЕЧЕР го потврди партискиот лидер Илија Николовски кој ни рече дека преговорите завршеле неуспешно.

-Имавме преговори но тие не резултираа со договор. Така, на локалните избори ќе настапиме самостојно како партија. Ќе имаме само советнички листи за неколку општини како што се Берово, Македонска Каменица, Карбинци… – ни рече Николовски.

Оваа партија неодамна ја напушти коалицијата предвидена од СДСМ откако тоа го побарале повеќе партиски организации и мнозинство во раководните тела на партијата. Но, дел од раководителите се спротивставија на намерата да се преговара за влез во владината коалиција предвидена од ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, на седницата на партискиот Извршен одбор беше решено да се преговара за влез во нова коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа, преговорите не завршија се посакуваната цел. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ