Направила печатите да бидат неупотребливи: МВР и поднесе кривична пријава на директорката од Демир Хисар

258

Директорката со печат од Гимназијата во Демир Хисар, Маја Лозановска, заработи кривична пријава за „одземање или уништување службен печат или спис“.

„Пријавената во периодот од 06.08.2025 до 13.08.2025 година противправно ги криела службените печати, сопственост на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар, со што направила службените печати да бидат неупотребливи и со нив да не може да раководи новоименуваната директорка Ј.Д. со одлука од страна на општина Демир Хисар од 05.08.2025, стои во информацијата на МВР.

Лозановска во период на нејзиното разрешување била на боледување и тврдеше дека за новата ситуација била известена на порака на Вибер од страна на новоназначената вршителка на должност. За медиумите тврдеше дека го земала клучот од сефот од директорката канцеларија каде што биле печатите бидејќи учелиштето немало секретар за да го остави кај него, аминал во пензија. Минатата недела кај неа дома имаше драматичен претрес од страна на сега веќе разрешениот началник Роберт Мартиноски против кој се води дисциплинска постапка за непрофесионалното однесување кога бараше носилка за Лозановска да ја носи на распит.

Случајот имаше неколку продолженија, Лозановска поднесе кривична пријава за обивање на нејзината канцеларија од страна на полицијата, а во присуство на в.д директорката.

На крајот печатите требаше да ги земе од сефот јавен обвинител, а промената на директорската позиција ќе се официјализира по изборите. Градоначалникот на Демир Хисар Никола Најдовски изјави дека разрешувањето било законско по решение од Просветниот инспекторат. Тој потенцираше деказа финансиски нерегуларности против директорката се води друг случај, а во врска со актуелниот, таа се разрешува заради нерегуларности во работењето со остварувањето на наставата. Лозановска обвини дека градоначалникот по трет пат се обидува да ја смени, два пати неуспешно бидејќи добила на суд. (П.А.)

 

ИЗДВОЕНИ