четврток, јануари 29, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Направени осум вонредни инспекциски надзори во населените места

Направени осум вонредни инспекциски надзори во населените места

60

Во согласност со Извештаите за спроведени активности од страна на општинскиот инспектор за животна средина на Oпштина Струмица, во саботата биле извршени вкупно осум вонредни инспекциски надзори во населените места.

-Два вонредни инспекциски надзори се направени кај правни субјекти – автомеханичарски работилници, од кои кај една ќе биде донесено Решение за отстранување на утврдената неправилност. Кај три физички лица е извршен вонреден инспекциски надзор каде што на самото место се затекнати лицата како спалуваат отпад, од кои кај едно е повикано противпожарно возило да интервенира, бидејќи пожарот беше зафатил огромна површина. За сите три лица од страна на инспекторот за животна средина ќе следува издавање на прекршочен платен налог во согласност со член 37, став (4), од Законот за управување со отпадот и казна од 250 евра. За едно лице е издадена усна опомена за спалување на суви гранки во дворно место – информираше градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов.

Воедно, на патниот правец село Свидовица – село Банско бил затекнат пожар покрај патот, но не било затекнато присутно лице. Од страна на инспекторот и комуналниот редар било повикано да интервенира противпожарно возило.

Исто така, едно физичко лице во селото Куклиш било спречено да депонира земјоделски отпад на локација која не е наменета за таа цел. Лицето било вратено тоа да го стори на нестандардната депонија со која раководи ЈПКД „Комуналец“ и од депонираниот отпад потребно е да донесе уплатница на општинскиот инспектор.

Костадинов најави дека во периодот кој следува, вонредните надзори кои се спроведуваат од страна на инспекциската служба на општина Струмица ќе продолжат да се објавуваат на официјалната страна на општината.

 

 

ИЗДВОЕНИ