Напнато во Албанија: Демонстрантите се обидоа да ја запалат канцеларијата на Рама со молотови коктели/ВИДЕО

317
screenshot video

Демонстрантите во Тирана во понеделник фрлаа молотови коктели врз зградата на владата во која се наоѓа канцеларијата на премиерот Еди Рама, барајќи оставка од владата откако обвинителите подигнаа обвинение против вицепремиерката за наводни обвиненија за корупција. Политичките тензии во Албанија се зголемија во последните недели откако беа покренати обвиненија против вицепремиерката Белинда Балуку.

Таа, заедно со неколку функционери и приватни компании, се обвинети за злоупотреба на државни средства за фаворизирање на одредени фирми во големи инфраструктурни проекти. Таа ги нарече обвиненијата „клевета, инсинуации, полувистини и лаги“ во парламентот минатиот месец и рече дека целосно ќе соработува со судските органи.

Специјалното обвинителство, одговорно за борба против корупцијата и организираниот криминал, оваа недела побара од парламентот да го укине имунитетот на Белинда Балуку и да дозволи нејзино апсење.

Не е познато кога парламентот, во кој доминира владејачката партија на премиерот Рама, ќе гласа за барањето.

Додека демонстрантите фрлаа молотови коктели во понеделник, специјалната полицијата ја обезбедуваше зградата на владата, но не интервенираше против толпата.

„Доста ни е, бидејќи се украдени десетици и стотици милиони евра, а таа не поднесува оставка. Ова е срамно“, рече демонстрантот Арбен Суло, пренесува Ројтерс.

ИЗДВОЕНИ