Полициски кордон ги раздвојува двете групи граѓани собрани во близина на Народното собрание во Србија. Едната група дојде да ја поддржи Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, жртва во падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, додека другата група е пред шаторите поставени во близина на Собранието.
Околу 19 часот се случи инцидент кога меѓу насобраните летаа топовски удари, камења и шишиња.
Од друга страна, толпата скандираше слогани, меѓу кои се слуша и „Ацо Србине“.
Нема информации за повредени или евентуални апсења, а полицијата апелира за мир и почитување на јавниот ред и законот.
Во толпата се и претставниците на опозицијата Радомир Лазовиќ и Владимир Штимац.
Сообраќајот е запрен на раскрсницата Таковска и Булеварот Крал Александр, а голем број полицајци се распоредени пред и околу Домот на Народното собрание.
Од шаторот пред српскиот парламент се пуштаа патриотски песни.
За потсетување, Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој почина при уривање на настрешница во Нови Сад, денес започна штрајк со глад во близина на српскиот Парламент.
Вчера, за време на митингот во Нови Сад, Хрка објави дека ќе штрајкува со барање да се утврди одговорност за смртта на нејзиниот син и другите жртви од уривањето на настрешницата, а денес, како што објавија медиумите, таа изнесе и нови барања, имено распишување избори и ослободување од притвор на сите студенти кои, според неа, биле незаконски лишени од слобода.
Мајката на еден од загинатите во падот на настрешницата во Нови Сад започна штрајк со глад/ВИДЕО












