Напната седница во Анкара: Расправата за буџетот заврши со тепачка/ВИДЕО

246
screenshot X

На последниот ден од буџетската дебата во турскиот парламент избувна тепачка меѓу пратениците од власта и опозицијата, објави Ројтерс.

Тепачката избувна меѓу пратениците од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), на последниот ден од буџетската дебата.

Тепачката избувна меѓу двајца пратеници, а набрзо се придружија и други пратеници. Видео снимките ги прикажуваат пратениците како се тепаат и туркаат меѓусебно.

Седницата беше накратко прекината, а потоа турскиот парламент го усвои буџетот за 2026 година.

ИЗДВОЕНИ