Инспекторите пронашле проштално писмо во домот на поранешниот ученик кој денеска уби девет лица, а потоа и себеси, пишува австрискиот весник „Кронен“.
Полицијата претходно извести дека 21-годишниот австриски напаѓач бил пронајден мртов во училишен тоалет и дека дејствувал сам. Влегол во училиштето со пушка и пиштол и отворил оган.
Полицијата не може да соопшти информации за мотивот бидејќи се уште се потребни опсежни криминалистички истраги.
Пронајдени се два пиштола: Полицијата утврдила дали напаѓачот од Грац дејствувал сам!