Дванаесет лица се повредени во напад со нож на централната железничка станица во Хамбург на северот на Германија, соопшти пожарникарите и полицијата, пренесе „Бета“.
Осомничениот е уапсен, а во неговиот напад неколку луѓе се потешко повредени и се наоѓаат во критична состојба.
Напаѓачот „рани неколку луѓе со нож на централната станица“, соопшти хамбуршката полиција во порака објавена на платформата „Икс“.
Според портпаролот на противпожарната служба на Хамбург, кога го контактираше АФП, неколку повредени се во критична состојба.