Напад со дронови во Одеса – повредени се најмалку 4 лица, од кои 3 се деца

18
Фото: EPA/SERGEY DOLZHENKO

Најмалку четири лица, од кои три се деца, беа повредени во рускиот напад со дрон врз Одеса во текот на ноќта, соопштија денес регионалните власти, велејќи дека станбените згради и инфраструктурата се оштетени.

„Нападот со беспилотни летала беше насочен кон станбени згради, логистика и енергетска инфраструктура“, изјави регионалниот гувернер на Одеса, Олег Кипер, во порака на „Телеграм“.

Воените власти во регионот соопштија дека меѓу повредените се седуммесечно бебе, две други деца и 42-годишен маж, објави „Ројтерс“.

Фотографиите од местото на настанот покажуваат чад што се издига од повеќекатна станбена зграда.

Големото црноморско пристаниште Одеса е цел на повторени руски напади со беспилотни летала и ракети, кои ја уништуваат енергетската, транспортната и пристанишната инфраструктура на градот, како и станбените области, пренесе „Фонет“.

ИЗДВОЕНИ