недела, март 1, 2026
Дома СВЕТ Напад со дрон на аеродромот во Кувајт, најмалку 12 повредени/видео

Напад со дрон на аеродромот во Кувајт, најмалку 12 повредени/видео

29
Фото:принтскрин

По нападите меѓу САД и Израел што започнаа вчера наутро, последиците од конфликтот се чувствуваат низ целиот Блиски Исток. Во Кувајт, најмалку 12 лица се повредени во воздушните напади, според извештаите на државните медиуми, пренесува „Скај њуз“.

Според новинската агенција КУНА, станува збор за полесни повреди, главно тапи трауми, повреди на рацете и површински повреди на лицето и вратот.

Генералниот директорат за цивилно воздухопловство потврди претходно денес дека меѓународниот аеродром во Кувајт бил цел на напад со беспилотно летало, во кој биле повредени вработени.

 

ИЗДВОЕНИ