Напад пред синагога во Манчестер: Маж поксил толпа луѓе со автомобил, а потоа ги нападнал со нож/ФОТО

28
screenshot illustration

Сериозен инцидент се случи во северен Манчестер, пред синагогата Хитон Парк на Мидлтон Роуд, во кој едно лице беше избодено со нож, потврди полицијата на Манчестер.

Осомничениот не успеал да влезе во синагогата. Вооружена полиција реагирала на местото на настанот и отворила оган врз него. Се верува дека осомничениот е сè уште жив, но неговата состојба е непозната.

Полицијата вели дека најмалку едно лице е избодено со нож, додека градоначалникот Енди Бернам изјави за BBC Radio Manchester дека автомобил удрил во голем број луѓе во близина на синагогата, при што четири лица биле повредени.

Бернам го нарече „сериозен инцидент“ и нагласи дека непосредната опасност сега поминала благодарение на брзата реакција на полицијата. Јавноста е повикана да ја избегнува областа додека се во тек истрагите, наведува Manchester evening news.

ИЗДВОЕНИ