четврток, февруари 5, 2026
Дома СКОПСКА Наместо асфалтирани, да се прават „зелени“ паркинзи 

Наместо асфалтирани, да се прават „зелени“ паркинзи 

112

Наместо паркинзи со асфалт, може да се направат „зелени“, како оние во Капиштец кои ја впиваат водата од поројни дождови и на нив растат тревки. Ова го предлагаат од „Шанса за Центар“, коментирајќи за новиот паркинг кој се прави зад Трговскиот центар „Буњаковец“.

– Супер е што Општина Центар од руиниран простор создава паркинг за граѓаните. Проблем е што само со асфалтирање на просторот создава топлотен остров и површина која не пропушта вода. Асфалтот е надминато решение. Секој паркинг може да придонесува и за двете. Подлогата не мора да биде направена од материјал кој не пропушта вода и акумулира топлина – сметаат од „Шанса за Центар“.

Оттаму нагласуваат дека со различна подлога на паркинзите и со садење дрвја се овозможува и паркирање и да се впива водата од дождовите, наместо да се разлева по улиците и да оди во подземните природни резервоари, и да не се создаде нов топлотен остров на кој температурата може да достигне над 60 Целзиусови степени.

 

ИЗДВОЕНИ