
Фудбалерите на каталонскиот клуб ги одработија задолжителните лекарски прегледи пред стартот на подготовките за новата сезона, а 35 играчи се појавија на првиот тренинг.
Сепак, шпанските медиуми објавуваат дека избувнал скандал за време на првиот тренинг кога еден од играчите на првиот тим на Барселона не се појавил на теренот со остатокот од тимот и не ја објаснил причината за таков потег.
Станива збор за германскиот голман, Марк-Андре тер Штеген, на кого сè му се преврте наопаку во Барселона за само неколку недели.
Откако се опорави од повредата, се чинеше дека ќе биде подготвен да се врати на позицијата прв избор, но потоа клубот го шокираше со одлуката да го доведе Жоан Гарсија од Еспањол.
Тер Штеген разговараше со Ханси Флик, кој му кажа дека повеќе нема да биде прв избор на голман, па дури ни резервна опција што му припаѓа на Војчех Шчесни. Тој доби јасна порака дека е најдобро за него да го напушти клубот и да ја побара својата среќа на друго место.
Германскиот голман е бесен и разочаран од таков исход по повеќе од десет години во Барселона.
Она што особено го погоди е тоа што во Барселона дури сакаат да го земат и бројот еден од неговиот дрес, без оглед на тоа дали ќе си замине или ќе остане ова лето.
Тој покажа колку тоа влијае на него, бидејќи, според шпанските медиуми, намерно не се појавил на првиот тренинг, што дополнително го налутило Флик бидејќи Тер Штеген не дал причина за својот потег. Наместо да тренира со остатокот од тимот, тој решил да го прескокне и да тренира индивидуално во теретаната.
Сепак, јасно е дека ова е негов начин да покаже што мисли за сè што се случува, но тоа сигурно нема да му помогне.
Очигледно, иако Тер Штеген е против заминување од Барселона, тој му рекол на својот агент да бара друг клуб бидејќи сфатил дека нема да добие сериозна минутажа во новата сезона.