Најмалку 10 лица беа убуени во израелски воздушен напад покрај училиште во кое се сместени раселени Палестинци, а неколку од нив се ранети, потврдија здравствените власти, во најновиот излив на насилство кој го доведе во прашае и онака кревкото примирје во Газа поддржано од САД.
Пред нападот, некои Палестинци се судриле со припадниците на милицијата која го поддржува Израел, тврдејќи дека го нападнале училиштето во обид да киднапираат некои луѓе, рекоа лекарите и жителите.
Среде судирот, источно од бегалскиот камп Магази во средишниот дел од Појасот Газа, израелски дронови испукале две ракети на тоа подрачје, убивајќи најмалку 10 луѓе и ранувајќи некои други, додадоа тие.
Уште не е јасно колку точно цивили се убиени во тие напади кои погодија густо населена населба главно со раселени Палестинци.
Ахмед ал-Магази кој сведочеше на нападите изјави дека нивното подрачје го нападнале припадници на милицијата кој го подджува Израел, а која дејствува на територијата во близина на подрачјето кое го контролираат израелските сили, пред да отворат оган.
„Жителите се обидоа да си ги одбранат домовите, но окупациските сили целеа директно на нив“, изјави тој за „Ројтерс“.
Претходно во понеделникот, во израелски воздушен напад беше убиен еден Палестинец, а дете беше рането додека во градот Газа се движеле на велосипед, рекоа лекарите
Лекарите додадоа дека израелските сли убиле уште еден Палестинец кога отвориле оган на возило во средна Газа, со што бројот на загинати во понеделникот порасна на најмалку 12 жртви.
Израелската војска уште не даде коментар за ниту еден од трите инциденти, пренесе „Хина“.












