понеделник, јануари 26, 2026
Дома БАЛКАН Највисоката плата во Црна Гора е речиси 300.000 евра

Највисоката плата во Црна Гора е речиси 300.000 евра

42

Највисок месечен приход во Црна Гора минатата година остварил човек од Подгорица вработен во неспецијализирана трговија на големо, чиј приход изнесувал речиси 300.000 евра, објави Даночната управа.

Според официјалните податоци, од десетте највисоки месечни заработки пресметани во 2025 година, девет ги оствариле црногорски државјани, а една странец, објавуваат медиумите во Подгорица.

Осум од највисоките заработки се евидентирани во Подгорица, додека по една е остварена во Херцег Нови и Беране.

Вториот највисок месечен приход го остварило лице од Подгорица, вработено во услужни дејности во воздушниот транспорт, во износ од околу 230.000 евра.

На третото место е странски државјанин кој изнајмува недвижен имот во Херцег Нови, со месечен приход од 164.582 евра, додека четвртата позиција му припадна на лице кое остварило приход од 156.400 евра од коцкање и обложување во ноември.

ИЗДВОЕНИ