Американската атлетичарка Симон Бајлс објави видео на социјалните мрежи во кое ги објаснува естетските операции на кои се подложила во животот, поточно три: зголемување на градите, долна блефаропластика и корекција на ушните лобуси.

Таа откри за своето искуство со зголемувањето на градите на својот тикток-профил. Операцијата била направена на 16 јуни, наведувајќи дека закрепнувањето било потешко отколку што очекувала.

  • Ме излажаа. Ова боли толку многу! Не можев ни да се движам, бев во кревет две недели и ми е мило што го направив тоа бидејќи беше навистина тешко – рече таа.

Сега многумина се сомневаат во нејзините шанси во спортот, иако експертите предвидуваат дека овие хируршки процедури нема да ја спречат да освојува медали. На светските првенства таа има 30 медали, од кои 23 се златни, повеќе од која било друга гимнастичарка. Таа има освоено вкупно 11 олимписки медали: 7 златни, 2 сребрени, 2 бронзени.

ИЗДВОЕНИ