Најстариот син му го уништи 50-тиот роденден на Бекам

1172
EPA-EFE/MICHAEL BUHOLZER

Легендарниот англиски фудбалер, Дејвид Бекам, направи вистински спектакл оваа недела по повод својот 50-ти роденден и приреди неколку забави на различни локации.

Шестата деценија сакаше да ја прослави на посебен начин со семејството и пријателите, а тоа му успеа бидејќи многумина беа воодушевени од забавите кои Бекам ги организираше.

Сепак, англиските медиуми пренесуваат дека неговиот најстар син Бруклин ставил огромна дамка на одличната недела полна со забава.

Веќе некое време се шпекулира дека Бруклин нема добри односи со родителите, кои баш и не ја прифатиле најдобро неговата сопруга Никола Пелц со која неодамна се ожени и дека долго време не се виделе.

Но, се очекуваше дека барем Бруклин ќе дојде на 50-тиот роденден на неговиот татко, но тоа не се случи.

„Сан“ објави дека Бекам бил длабоко повреден и разочаран што неговиот најстар син воопшто не му го честитал роденденот.

Дејвид знаел дека постои можност да не се појави на роденденската забава, но очекувал барем да му испратат порака и да му честитаат, но ни тоа не се случи, што навистина го повреди легендарниот фудбалер.

Работата да биде уште полоша, тој и неговата сопруга оваа недела биле во Лондон, каде се одржувале забавите, а се мислело дека за таа цел отпатувале од Америка, но се испоставило дека Бруклин и Никола имале други планови.

Дејвид и Викторија се многу приврзани за своите деца, што често го истакнуваат и поради тоа, сето она што се случува откако Бруклин одлучи да се ожени навистина влијае на нив.

Тие навистина не се согласуваа со тоа и сметаа дека Никола не е најдобриот избор за него, а иако се обиделе да ја прифатат, таа наводно била таа што ја предизвикала расправијата.

Исто така, Дејвид смета дека таа воопшто не му дозволува на Бруклин да комуницира со нив и тоа најдобро го покажува фактот што тој првпат не му честитал ни роденден.

ИЗДВОЕНИ