сабота, јануари 17, 2026
Дома СВЕТ Најстариот претседател во светот има 92 години и повторно ќе се кандидира

Најстариот претседател во светот има 92 години и повторно ќе се кандидира

127

Најстариот активен претседател во светот, камерунскиот претседател Пол Бија (92), објави нова кандидатура за октомвриските избори.

„Се кандидирам на претседателските избори на 12 октомври 2025 година. Ве уверувам дека мојата решеност да ви служам е пропорционална на сериозноста на предизвиците со кои се соочуваме. Нема предизвик што заедно не можеме да го надминеме. Најдоброто допрва доаѓа“, рече Бија оптимистички во неделата.

Бија е на чело на Камерун од 1982 година, и е претседател на оваа земја 43 години, а сега се бори за својот осми претседателски мандат.

Пред тоа, тој ја извршуваше функцијата премиер од 1975 година.

Ова соопштение, исто така, стави крај на неколкунеделните шпекулации за неговата сериозна здравствена состојба, бидејќи Бија не се појави во јавноста шест недели. Минатата година, владата дури и ги негираше гласините дека Бија починал.

ИЗДВОЕНИ