Најсовремена медицинска опрема на Детската клиника за респираторни заболувања – Козле

14

На Светскиот ден на детето, „ТАВ Македонија“, подружница на „ТАВ Аеродроми“, членка на групацијата АДП, денеска ѝ ја предаде својата донација – најсовремена медицинска опрема на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата – Козле.

Донацијата се состои од ЕКГ-апарат, два модерни монитори за пациентите на интензивна нега, три баскети за отстранување туѓи тела од дишните патишта и лента за трчање за изведување бронхопровокативни тестови со физички напор.

Целта на оваа донација е да се поддржи персоналот на оваа државна медицинска установа во обезбедувањето модерна дијагностика за младите пациенти, бидејќи секое дете заслужува најдобар можен третман.

Според генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат Курт, оваа донација е дел од долгорочната посветеност на компанијата да му биде партнер на општеството и да биде двигател на позитивни промени.

– Не донираме само опрема туку и поддршка и грижа за најмладите. За „ТАВ Македонија“, детското здравје е приоритет што не познава компромис. Веруваме дека секое дете заслужува најдобри услови за лекување, а секое семејство заслужува да знае дека неговите најмили се во сигурни раце. Горд сум што, како компанија, успеваме да придонесеме за создавање подобра средина за малите пациенти во оваа здравствена установа. „ТАВ Македонија“ ќе продолжи да инвестира таму каде што е навистина важно, во луѓето, во заедницата и во иднината на нашите деца – изјави Неџат Курт, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

В.д. директорката на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата – Козле, проф. д-р Катерина Бошковска, истакна дека оваа донација претставува значаен придонес во унапредувањето на квалитетот на здравствените услуги што им ги обезбедува оваа установа на пациентите.

– Со новата опрема се овозможуваат попрецизна дијагностика, побрза интервенција и подобри услови за работа на медицинскиот персонал – посочи Бошковска.

 

 

ИЗДВОЕНИ