„Најскапиот бурек на Балканот“: ТикТокерка сподели рецензија за бурек од Дубровник

571

Популарната ТикТокерка Лиза, позната како dua_liza, сподели видео во кое проба бурек од Дубровник, а видеото го објави со текстот: „Албанка против најскапиот бурек на Балканот“.

„Како некој што целиот свој живот го поминал во, пред и зад пекара, го ценам бурекот од 9 евра во Дубровник. Го прават на лице место и го печат“, рече Лиза, а потоа го проба бурекот со месо.

Кога пријателката ја праша дали вреди толку пари, таа додаде со смеа: „Ние некогаш за 9 евра продававме цела тепсија, со четири бурека. Но, ова е чисто телешко, многу убаво, и се наоѓаш во најубавиот град…можеби вреди“.

Потоа го проба и бурекот со сирење, за кој рече дека е „совршено масен и многу добар, но недостига сол во сирењето. Таа го оцени бурекот со сирење со 8 од 10, додека на бурекот со месо му даде 9 од 10.

@dua_liza Btw jeftiniji je za lokalce #dubrovnik #holyburek #burek #balkan #food #croatia ♬ Da sam pekar – Bijelo Dugme

Реакциите на социјалните мрежи беа бурни. Некои корисници заклучија дека цените се „претерани“: „Почнаа да ставаат цени како да има бифтек внатре“, „Во Сараево, за тие пари може да се изеде килограм од најдобриот бурек“, „Хаха, 9 евра за едно стапче, не се нормални… Ќе земеме уште малку кредити за да купиме бурек“, „Ве молам цена“, Во Подгорица, тоа е две евра“, „Плаќате за амбиентот, градот и чувството, не само за бурекот“.

Пред неа, познатата хрватска инфлуенсерка Лада Кушец Дечи, која на социјалните мрежи се претставува под името S.Lada.K,, исто така го тестираше овој бурек. Таа плати дури 20 евра за три мали стапчиња.

„Ве носам на најскапиот бурек на светот, веројатно. Во Дубровник платив 20 евра за три мали стапчиња бурек. Иако очекував туристичка измама, бурекот со телешко беше исклучително вкусен. Бурекот со сирење и спанаќ не беше доволно солен“, рече Лада тогаш.

„Никогаш повеќе не би платила 20 евра за ваков бурек, бидејќи знам дека можам да го добијам истиот за две евра. Значи, од таа гледна точка, му давам три од 10. Но, од гледна точка на претприемништво, брендирање, му давам 100 од 10. А ова е потврдено со фактот дека отворија и филијала во Дубаи“, заклучи таа.

ИЗДВОЕНИ