Најшокантна исповед на Присила Присли: Елвис ми предложи абортус, ќерка ми живееше во вртлог од дрога

320
EPA/ETTORE FERRARI

Во својата нова автобиографија „Softly, As I Leave You“, Присила Присли ги споделува најинтимните и најтешките моменти од својот живот – од бракот со Елвис Присли, до трауматичните искуства со нивната ќерка Лиза Мари, па сè до нејзиниот трагичен крај.

Книгата открива тажни детали за семејство кое често било во центарот на вниманието, но чија реалност била далеку од гламурозна.

Таа пишува дека забременила со Лиза Мари на нивната прва брачна ноќ, но дека ниту таа ниту Елвис не биле подготвени да станат родители во тоа време.

По недели молчење, Елвис ѝ предложил да размисли за абортус.

„Ми рече дека ќе поддржи што и да одлучам. Тогаш ја сфатив сериозноста на ситуацијата. Почнав да плачам и му реков: „Не! Не можеме да го направиме ова. Тоа е нашето бебе“, напиша Присила.

Кога Присила започнала врска со инструкторот по карате Мајк Стоун, што го забрзало крајот на нејзиниот брак со Елвис, тој реагирал бурно.

„Кога дозна, Елвис се однесуваше како да ме „казнува“ на начин на кој замислуваше дека би го направил еден карате мајстор… Тоа ми остави длабоко непријатно последно сеќавање на нашата интимност“, опиша Присила.

Таа отворено пишува дека нејзината ќерка била „комплицирана и предизвикувачка“ личност, која почнала да користи дроги како тинејџерка, а подоцна станала зависна од опиоиди, алкохол и кокаин.

Во еден момент, наводно земала и до 80 апчиња дневно.

„Таа беше изгубена. Живееше во вртлог од дроги и емоции, без излез“, додава Присила.

Никогаш не верувала во бракот на Лиса Мари и Мајкл Џексон, кој се случил кратко откако Џексон беше обвинет за сексуален напад.

„Не верував дека ја сака. Тој во неа гледаше шанса да го поправи својот имиџ… Фотографиите од ќерката на Елвис Присли со огромен дијамантски прстен беа медиумско злато“, верува Присила.

Смртта на Бенџамин Кио, синот на Лиса Мари, во 2020 година беше „почетокот на крајот“, тврди Присила.

Лиса почина на 12 јануари 2023 година откако доживеа срцев удар предизвикан од компликација по операцијата.

„Ме прегрна на доделувањето на Златните глобуси два дена претходно. Не можеше ни да оди сама. Не знаеше дека е последен пат“, тажно вели Присила.

ИЗДВОЕНИ