Адвент во Виена, отсекогаш еден од „најубавите божиќни пазари во светот“, а секако еден од најпознатите, во последните денови предизвикува бројни дискусии на социјалните мрежи.
Оваа зима, бројните божиќни пазари привлекуваат милиони посетители, а, според американскиот новински канал „Си-ен-ен“, најубавиот во светот е виенскиот Christkindlmarkt на Rathausplatz, пишува Heute.
Сепак, токму овие големи толпи сега предизвикаа негодување на социјалните мрежи, објавува Н1 Загреб.
„Кога ќе дојдеш во Виена за викенд и со себе ја носиш половина Европа“, коментираше еден посетителка на „ТикТок“. Во позадина, можете да ја видите густата толпа пред Градското собрание на Виена, која остави малку од пријатната празнична атмосфера.
„За некој што е роден и израснат во Виена, ова е многу депресивно – повеќе не можам да одам на ниту еден божиќен пазар во мојот град“, напиша една корисничка и судејќи според реакциите, таа ги пренесе чувствата на многу нејзини сограѓани, кои веруваат дека ситуацијата станала „навистина неподнослива“.
Ова важи не само за оние што бараат празнична атмосфера, туку и за оние што „мораат да поминат низ таа толпа двапати на ден“.
Мала утеха би можел да биде фактот дека „вака е насекаде во светот“, забележаа некои, а се споделуваат и совети за тоа како да се избегнат најголемите толпи.
@katejosovik Everyone’s invited ✨ #vienna #christmasmarket #rathaus ♬ FLUTE SOMEONE IN MEMORY – FELIS TIGRIS












