Екипата на Денвер направи неколку размени со кои направи одлична работа, а задоволен од постигнатото е и тренерот Дејвид Аделман. Нивната прва ѕвезда, Никола Јокиќ, конечно доби алтернативна замена во Јонас Валанчијунас.
- Додадовме длабочина, доведовме ветерани. Ова се момци што ја познаваат лигата, знаат како да победуваат и имаат многу искуство. Со Валанчиунас, добивме резервен играч за кого мислиме дека навистина може да ја надополни нашата клупа, но може да се надоврзе и на Никола. Секако, со тим што шутира на начин на кој шутира, сите знаеме што прави Брус со енергијата што ја има – рече Аделман.
Потоа се осврна на размената на една од најголемите ѕвезди на Нагетс, Мајкл Портер Јуниор.
- И, очигледно, размената со Кем. Всушност, навистина е лоша идејата што нема да се врати, но чувствувавме дека е време Мајк да продолжи понатаму со својата кариера и враќањето на Кем во таа размена беше неверојатно. Мислиме дека ќе се вклопи навистина добро, тој е играч што може да додава и да сече, шутер е и движечки играч во нападот. И тој е навистина возбуден што е тука, па затоа мислиме дека направивме навистина добра работа – рече тренерот на Денвер.
Секако, работата е само половина завршена.
- Ова не е видеоигра, мора да ги вклопиме момците што ги доведовме, не е доволно само составот да изгледа добро. Имаме и млади момци од кои очекуваме да напредуваат и мислам дека го имаме најконкурентниот тим во последниве неколку години. Имаше многу разговори во последните неколку дена, се обидовме да ги пронајдеме деловите од сложувалката што недостигаа. Арон, Мареј и Никола се возбудени. Момците што се тука долго време имаа потреба од промена, и оваа промена е добра – порача тренерот на тимот.