Најново финско истражување покажа: Ова е клучната возраст кога лошите навики си земаат данок

107
Фото:википедија

Лошите навики како што се пушењето, консумирањето алкохол и физичката неактивност почнуваат сериозно да го нарушуваат здравјето уште на 36-годишна возраст, според студијата на фински истражувачи од Универзитетот Лауреа.

Во студијата што ги следела учесниците родени во 1959 година до нивната 61 година, откриено е дека оние кои пушеле, пиеле и воделе пасивен начин на живот подолг временски период имале поголема веројатност да завршат со сериозни физички и ментални проблеми, пишува Еурекалерт.

„Колку порано престанеме со ризичните навики, толку се поголеми шансите за здрава и исполнета старост“, вели д-р Тија Кекелаинен.

Иако, како што наведува тaa, никогаш не е предоцна да се премине на поздрави навики – придобивките се забележуваат и кога се случуваат промени во средната возраст.

Научниците забележуваат дека лошите навики и лошото здравје често се поврзани во двата правци – депресијата и болеста можат да доведат до пушење и алкохол, а истите навики можат да ги продлабочат здравствените проблеми.

Иако истражувањето се однесувало на генерацијата родена кон крајот на 1950-тите, резултатите даваат важни предупредувања и за денешните помлади генерации, чии ризични навики вклучуваат феномени како што е вејпирањето.

ИЗДВОЕНИ