Прескокнувањето на еден од трите главни оброци во денот може да доведе до сериозни здравствени последици, покажува нова американска студија.
Студија во која учествувале 24.011 Американци над 40 години покажала дека само еден оброк дневно е генерално поврзан со поголем морталитет, објавува порталот „Science Alert“.
Прескокнувањето на појадокот е поврзано со поголем ризик од смрт од кардиоваскуларни заболувања, а прескокнувањето на ручекот или вечерата со поголем ризик од смрт од сите причини. Проблемот е забележан и кога биле вклучени сите три оброци, ако биле премногу блиску еден до друг. Пауза од 4,5 часа помеѓу оброците, исто така, носи поголем ризик од смрт од сите причини, објавува Miss7.
„Нашата студија покажа дека луѓето кои јадат само еднаш дневно имаат поголема веројатност да умрат порано од оние кои јадат повеќе пати на ден“, рече Јангбо Сун, епидемиолог на Универзитетот во Тенеси. Поврзаноста остана дури и откако истражувачите ги прилагодија факторите на животниот стил како што се консумирањето алкохол, пушењето, нивото на физичка активност и квалитетот на исхраната.
„Затоа препорачуваме да јадете најмалку два или три оброци на ден“, рече Сун. Студијата не беше доволно голема за да се утврди причинско-последична врска помеѓу прескокнувањето оброци и предвремената смрт, но врската е доволно силна за понатамошни истражувања, забележуваат авторите. Јадењето еден многу голем оброк може да предизвика нерамнотежа во телото. Можно е да постојат и други фактори кои влијаат на навиките во исхраната и смртноста.
„Нашите резултати се базираат на анализа на јавно достапни податоци и не имплицираат причинско-последична врска“, рече Веи Бао, епидемиолог на Универзитетот во Ајова. „Сепак, она што го откривме има метаболичка смисла. Метаболичката смисла е дека прескокнувањето оброци води до консумирање премногу енергија во еден оброк. Ова може да предизвика нерамнотежа во начинот на кој телото ја регулира гликозата и последователно да го наруши метаболичкиот систем. Приближно 30 проценти од испитаниците редовно јаделе помалку од три оброци на ден.
Може да има и други причини што влијаат на навиките во исхраната и смртноста. Секако, за ова постојат многу причини – од работно време, зафатен начин на живот, сиромаштија, намерно губење на тежината, но тимот научници што ја спроведоа студијата се надева дека тоа ќе стимулира понатамошна анализа на важноста на редовните оброци. Студијата е објавена во „Journal of the Academy of Nutrition and Dietetics“.