Плажите во Флорида се меѓу 10-те американски плажи со најголем број напади од ајкули од 1642 до 2024 година, според студијата на Националната метеоролошка служба на САД. Студијата покажа дека плажата Њу Смирна во Флорида е на врвот на листата со 277 напади од ајкули од 1642 до 2024 година, објави „Фокс њуз“, пренесува „Танјуг“.
Рајан Бландел, основач на Националната метеоролошка служба, рече дека многу пливачи не се свесни за опасностите веднаш до брегот на некои плажи во Флорида, но тој нагласи дека луѓето не треба да паничат.
„Концентрацијата на напади од ајкули по должината на брегот на Флорида е зачудувачка, а плажата Њу Смирна особено се издвојува како глобално жариште за блиски средби со ајкули.
Многу луѓе не се свесни дека одредени плажи претставуваат значително поголем ризик од другите кога станува збор за активност на ајкули“, рече Бландел, додавајќи дека статистиката не треба да ги спречува луѓето да уживаат во океанот.
Студијата сугерира дека разбирањето на моделите и однесувањето на ајкулите може да им помогне на посетителите на плажата да донесат побезбедни одлуки за тоа каде и кога да влезат во вода.