По речиси три децении поминати во бродоградилиште, рускиот нуклеарен борбен крстосувач „Адмирал Нахимов“ повторно плови со свој погон. Ова е клучен момент за руската морнарица, бидејќи овој гигант од 28.000 тони последен пат исплови во 1997 година, а сега, по години поправки и модернизација, се подготвува да ја преземе улогата на предводник на руската флота, пишува „The War Zone“.
Руските државни медиуми потврдија дека бродот започнал со морски проби, а на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како „Адмирал Начимов“ плови по Белото Море. Според агенцијата ТАСС, која се повикува на неименуван извор, претседателот Владимир Путин веќе е информиран за почетокот на тестирањето. Овој потег дојде откако двата нуклеарни реактори на бродот беа рестартирани на почетокот на годината, исполнувајќи го планот за започнување на тестирањето во лето.
🇷🇺🫡⚓️ At last..heavy nuclear cruiser «Admiral Nakhimov» left SevMash shipyard for sea-trials after refurbishing. The ship spent more than 25 yrs at the shipyard.
📸 Courtesy: L.Alekseeva pic.twitter.com/WWPUoRds9U— KURYER🤔 (@RSS_40) August 18, 2025
„Адмирал Нахимов“, првично наречен „Калинин“, е дел од класата воени бродови „Проект 1144.2 Орлан“, попознати на Запад како класа „Киров“. Влезе во служба на Северната флота во 1988 година, а од 1997 година беше закотвен во сувиот док на бродоградилиштето „Севмаш“. Иако беше во процес на ремонт, сериозната работа за модернизација започна дури во 2014 година.
Првично, завршувањето на работите беше најавено за 2018 година, но тој рок беше поместен неколку пати – прво за 2019 година, потоа за 2020, 2021, 2023 година и конечно за 2024 година.
A couple more photos. https://t.co/Fd09TQ09kz pic.twitter.com/J9AZ0qhOhh
— Capt(N) (@Capt_Navy) August 18, 2025