сабота, јануари 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка

Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка

15

Најниска минимална температура изутринава е измерена на Попова Шапка -4 степени, а највисока во Гевгелија 6 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи Скопје.

Во Скопје-Петровец измерена e утринска температура од -3, потоа -2 Тетово и Mаврови Анови, -1 во Штип и Берово, 0 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Демир Капија, Кавадарци и Kрушево, 1 степен во Крива Паланка, Прилеп, Струмица и Велес, 2 во Охрид, Претор и Битола и 3 степени во Виница.

Највисока снежна покривка изутринава е измерена на Попова Шапка – 25 см и Маврови Анови и Крушево по 7 сантиметри.

ИЗДВОЕНИ