Во периодот јануари – октомври 2025 година, вкупниот број туристи бил зголемен за 5,4 отсто во однос на тој период лани, а бил зголемен и вкупниот број ноќевања за 0,6 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
Кај домашните туристи е забележано намалување за 2,3 отсто, а кај странските зголемување за 9,3 проценти. И во однос на ноќевањата, кај домашните туристи има намалување за 4,2, а кај странските зголемување за 6,4 проценти.
Во октомври 2025 година, од вкупниот број туристи, 21,8 отсто биле домашни, а 78,2 процента странски. Бројот на ноќевања во октомври 2025 година изнесувал 204.718, од кои 29,1 отсто биле од домашни туристи, а 70,9 отсто од странски.
Најмногу странски туристи во октомври 2025 дошле од Турција (18.678), Германија (12.558), Србија (6.154) и од Грција (3.781).











