
Најтрофејниот клуб во германската Бундес лига, Баерн (М), планира да продаде неколку фудбалери до крајот на летниот преоден рок. Според пишувањата на германски „Билд“, раководните лица на баварскиот гигант планираат излезната врата од „Алијанц арена“ да му ја покажат на фреанцускиот интернационалец Кингсли Коман, потоа на дефанзивецот Ким Мин-јае, како и на репрезентативецот на Португалија, Жоао Палиња.