Најмалку три лица загинаа во подметнат пожар за време на демонстрациите во Индонезија

129

Најмалку три лица загинаа во пожар подметнат од демонстранти во зградата на градскиот совет во индонезискиот град Макасар, откако избувнаа национални демонстрации поради смртта на возач на мотоцикл-такси, кој беше прегазен од полициско возило за време на претходните протести, објави денес „Гардијан“.

На протестите во Макасар, источна Индонезија, беа запалени зградите на покраинскиот и локалниот градски совет, како и возила што демонстрантите ги фрлаа со камења и молотови коктели.

Секретарот на градскиот совет, Рахмат Мапатоба, изјави дека трите лица загинале во пожарот предизвикан од тоа што демонстрантите „биле заробени во запалена зграда“.

ИЗДВОЕНИ