Најмалку шест лица настрадаа, а повеќе од 400 се повредени во торнадо што ја зафати бразилската држава Парана/видео

33

Торнадото што зафати делови од општината Рио Бонито до Игуасу, во јужната бразилска држава Парана, уби најмалку шест лица, а повреди повеќе од 400, соопштија денес локалните власти.

Торнадото, кое достигна брзина од над 250 километри на час, уништи десетици домови и ја натера владата да прогласи вонредна состојба во погодениот регион, јавува „АП“.

Државните власти изјавија дека најмалку едно лице е исчезнато, додека меѓу четворицата мртви има пет возрасни и едно 14-годишно девојче.

Владата соопшти дека 437 лица, вклучувајќи деца и бремени жени, добиле медицинска помош во болниците и на лице место. Од нив, најмалку 10 биле оперирани, а девет се во сериозна состојба.

Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва изрази солидарност со жртвите на социјалните мрежи.

Според Системот за мониторинг на технологијата и животната средина на државата Парана, ветровите во Рио Бонито до Игуасу, град со 14.000 жители, достигнале брзина помеѓу 180 и 250 километри на час. Торнадото, наводно, соборило дрвја, па дури и оштетило ѕидови на куќи.

Гувернерот на Парана, Ратињо Жуниор, во објава на платформата „Икс“ изјави дека „безбедносните сили се во состојба на готовност“ и ја следат ситуацијата во градовите погодени од силните ветрови.

ИЗДВОЕНИ