Најмалку девет убиени во руските ноќни напади врз Киев и други градови

11
EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Најмалку девет лица се убиени, а десетици се повредени во руските напади во текот на ноќта во Киев и на други места во Украина, објавија украинските власти.

Нападот предизвикал големи пожари, урнати згради и оштетувања на инфраструктурата, вклучувајќи и влез во метро-станица што се користи како засолниште.

Спасувачите и пожарникарите се обидуваат да ги извлечат луѓето заробени под урнатините на делумно срушена станбена зграда.

Ова е нов во серијата масовни напади врз главниот град – само минатата недела во најсмртоносниот напад досега, загинаа 28 лица, а над 150 беа повредени.

Украинските власти велат дека тогаш биле погодени речиси 30 цели во повеќе бранови. Москва засега не ги коментирала нападите. И Русија и Украина негираат дека целат врз цивили, но во двегодишниот конфликт илјадници цивили – главно Украинци – ги загубија животите.

 

ИЗДВОЕНИ