среда, февруари 11, 2026
Дома СВЕТ Најмалку десет лица се повредени во судир на два воза во Словачка

Најмалку десет лица се повредени во судир на два воза во Словачка

169

Два воза се судрија на железничка линија во Словачка вечерва околу 19:31 часот по локално време, при што се повредени најмалку 10 лица, објавија словачките медиуми.

Според првичните информации, се судриле возовите Ex 620 и Rex 1814, кои сообраќаат од Нитра до Братислава.

Несреќата се случила на делницата Пезинок – Свети Јур по напуштањето на станицата Пезинок, објавува словачкиот портал HN.

ИЗДВОЕНИ