вторник, јануари 27, 2026
Дома СВЕТ Најмалку 30 лица загинаа како резултат на зимската бура: Студен бран во...

Најмалку 30 лица загинаа како резултат на зимската бура: Студен бран во САД не попушта

35
EPA/OLGA FEDOROVA

Големиот бран од ледена бура што го погоди североистокот и делови од југот на САД одзеде најмалку 30 човечки животи, објавија денес американските медиуми.

Длабок снег од повеќе од 30 сантиметри што покри појас од Арканзас до Нова Англија со должина од околу 2.100 километри го запре сообраќајот, откажа летови и доведе до затворање на училиштата, пренесува АП.

Околу 185 милиони луѓе се под предупредување, со температури до -35°C.
Од петокот се пријавени осум смртни случаи во Њујорк, додека други се пријавени во Тенеси, Луизијана, Масачусетс, Канзас и Пенсилванија, објави Би-Би-Си.

Во Тексас, шеснаесетгодишно девојче загина во несреќа со санкање, објави полицијата.

Поради снежната бура, повеќе од 860.000 домаќинства се без електрична енергија, а околу 12.000 авионски летови се откажани, објавија денес официјалните лица.

Околу 185 милиони остануваат под предупредување за силен студ во поголемиот дел од централните и источните САД, со температури што достигнуваат 35 степени под нулата во некои делови од земјата.

Периоди со обилен снег, лапавица и замрзнат дожд ќе продолжат низ североисточниот дел на САД денес, а се предвидува дека снежната бура ќе заврши утре.

ИЗДВОЕНИ