Најмалку 15 лица настрадаа во пожар во хотел во Калкута, на североистокот на Индија, соопшти денеска тамошната полиција.
„Неколку лица се спасени од собите и од покривот на хотелот. Пожарот кој изби синоќа, сега е под контрола. Настрадаа најмалку 15 лица, изјави за новинарите шефот на полицијата на Калкута Маној Верма.
Индиските медиуми пренесоа снимки од хотелот во пламен како и од луѓе кои се обидуваат да избегнат преку прозорците“.
Едно лице настрада откако „скокнало од тераса обидувајќи се да избега“, додаваат медиумите.
Истрагата за причината за пожарот е во тек.