недела, февруари 15, 2026
Дома СВЕТ Најмалку 11 лица се хоспитализирани по напад со нож во супермаркет во...

Најмалку 11 лица се хоспитализирани по напад со нож во супермаркет во Мичиген

66
Фото:принтскрин/Јутуб

Најмалку 11 лица се хоспитализирани по нападот со нож во супермаркет „Волмарт“ во Траверс, Мичиген, соопшти полицијата денес.

Осомничениот за нападот е уапсен, објави „Фокс њуз“.

Шерифот на округот Гранд Траверс, Мајкл Ши, изјави дека 42-годишен маж, кој дејствувал сам, влегол во продавницата во Траверс и користел преклопен нож за да избоде околу десетина луѓе.

Осомничениот, чиј идентитет не е објавен од властите, бил приведен во рок од неколку минути, а граѓани кои се затекнале во маркетот „Волмарт“ помогнале во апсењето на човекот и пружиле помош на жртвите.

Болницата „Мунсон“ соопшти дека пет од жртвите се во сериозна состојба, а шест се во критична состојба, објави „Танјуг“.

 

ИЗДВОЕНИ