среда, февруари 4, 2026
Дома СВЕТ Најмалку 10 лица настрадаа кога училишен автобус падна од стрмнина – се...

Најмалку 10 лица настрадаа кога училишен автобус падна од стрмнина – се враќале од средношколска екскурзија

185

Најмалку 10 лица загинаа, а 20 се повредени откако автобус што превезувал ученици паднал од стрмнина во рурална област во северна Колумбија, изјави денес локалниот градоначалник Андрес Хулиан.

Тој му рече на платформата „Икс“ дека автобусот патувал од карипскиот град Толука до Меделин по училишна екскурзија и дека превезувал ученици од средното училиште Антиокија.

Хулиaн рече дека сите болнички капацитети се користат за да им се помогне на повредените во несреќата, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ