Најмалку 10 лица настрадаа кога училишен автобус падна од карпа – се враќале од средношколска екскурзија

98

Најмалку 10 лица загинаа, а 20 се повредени откако автобус што превезувал ученици паднал од карпа во рурална област во северна Колумбија, изјави денес локалниот градоначалник Андрес Хулиан.

Тој му рече на платформата „Икс“ дека автобусот патувал од карипскиот град Толука до Меделин по училишна екскурзија и дека превезувал ученици од средното училиште Антиокија.

Хулиaн рече дека сите болнички капацитети се користат за да им се помогне на повредените во несреќата, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ